Достапни линкови

logo-print

По враќањето од Северна Кореја, Родман на лечење од алкохолизам


Поранешната кошаркарска ѕвезда Денис Родман се пријавил во центар за рехабилитација за лечење од алкохол, веднаш по враќањето од патувањето во Северна Кореја. Неговиот менаџер вели дека Родман бил во „прилично лоша емоционална состојба“. Не е познато колку долго тој има намера да остане на рехабилитација. Родман по враќањето од Северна Кореја се извини за неговиот коментар даден за американскиот мисионер Кенет Бае кој е затворен во Северна Кореја. Родман сугерираше дека Бае е самиот виновен што завршил во затвор, а потоа се извини и изјави дека бил под дејство на алкохол. Кошаркарската ѕвезда му пееше „Среќен роденден“ на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун.
XS
SM
MD
LG