Достапни линкови

Јордан домаќин на американска обука за ирачки трупи


Јордан е подготвена да биде домаќин на американската програма за обука на ирачки безбедносни сили кои треба да се борат со бунтовниците на Ал Каеда. Властите на Јордан соопштија дека позитивно одговориле на барањето на САД за обука на ирачките сили на нејзина територија. Ирачкиот премиер Нури ал-Малики побара Вашингтон да им помогне во обука за борба против екстремистите. Американскиот заменик-претседател Џо Бајден разговарал со Малики во саботата за поддршката на Вашингтон во борбата на Ирак против Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG