Достапни линкови

logo-print

Укринците со саксии на глава на протести


Десетици илјади луѓе се собраа на масовни протести во главниот град на Украина, Киев, против новиот закон со кој се ограничува протестирањето. Демонстрантите носеа саксии на главите, а некои носеа маски со кои го исмеваат новиот закон, кој меѓу другото забранува покривање на лицата на луѓето што протестираат. Законот забранува и неовластено поставување на шатори, бини и озвучување – сето она што го има на деноноќните протести на Плоштадот на независноста во Киев. Законот предвидува до 15 години затвор за „големи прекршувања“ на јавниот ред и мир. Претседателот Виктор Јанукович го потпиша законот минатата недела. САД и ЕУ оценија дека новиот закон е антидемократски. Украинската опозиција го обвинува Јанукович дека се обидува да инсталира диктатура.
XS
SM
MD
LG