Достапни линкови

Либија - армијата на готовс поради проблеми на југот


Libya -- A Libyan National Transitional Council (NTC) fighter fires at loyalist troops during a battle in Sirte's neighbourhood Number 2, 19Oct2011

Libya -- A Libyan National Transitional Council (NTC) fighter fires at loyalist troops during a battle in Sirte's neighbourhood Number 2, 19Oct2011

Либиски воени авиони нападнаа цели во проблематичниот јужен дел од земјата, откако вооружени лица нападнаа една воздухопловната база. Премиерот Али Заиден се појави на националната телевизија за да соопшти дека тој наредил трупите да бидат испратени на југ, откако група вооружени лица влегле во воздухопловната база Тамахинд, која се наоѓа 770 километри јужно од главниот град Триполи. Портпаролот на Министерството за одбрана подоцна рече дека владините сили ја повратиле контролата на базата. Тој не откри детали за воената операција, но ги обвини силите лојални на починатиот диктатор Моамер Гадафи за насилството.
XS
SM
MD
LG