Достапни линкови

Обама - шпионирањето нема да им наштети на односите со Германија


Американскиот претседател Барак Обама во интервју за германска телевизија рече дека нема да дозволи американското шпионирање да ги оштети односите со Германија и со другите сојузници. Обама во интервју за германската телевизија ЗДФ, кое се емитуваше синоќа рече дека тој има изградено блиски односи со германската канцеларка Ангела Меркел и не може да им овозможи на американските операции за набљудување да ја оштетат довербата. Обама, изјави дека „се додека е претседател на САД, германската канцеларка не треба да се грижи за тоа.“ Интервјуто уследи по извештаите дека американската Национална агенција за безбедност следела комуникации на европски граѓани, меѓу кои и мобилниот телефон на канцеларка Ангела Меркел.
XS
SM
MD
LG