Достапни линкови

logo-print

Петар Рупески го фати крстот во Охрид


Охриѓанецот Петар Рупески денеска го извади крстот од Охридското Езеро. Ова му е вторпат, првиот пат крстот го фатил во 2005 година. Крстот во водите на Охридското Езеро го фрли владиката Јосиф, митрополитот на Тетовско-гостиварската епархија.

Рупески со неговата тајфа по фаќањето на крстот, според обичаите, ги посетуваат семејствата низ градот, кои го даруваат крстот со пари, за здравје и среќа. Годинашните кумови, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и стопанственикот Сашо Симески, покрај другите подароци, ќе го даруваат и со сребрен крст со позлата.

Дваесеттина илјади верници денеска присустуваа на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици. Во вода влегоа неколку стотини од 1.300-те пријавени како од градот, така и од другите градови во земјата, но и гости од Србија, Бугарија, Чешка, Шпанија...
XS
SM
MD
LG