Достапни линкови

Од утре почнува второто полугодие за учениците


Околу 280 илјади основци и средношколци утре се враќаат во училишните клупи по тринеделниот зимски распут.

Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во завршна (трета или четврта) година, кои тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22-ри и на 24 јануари. Тестирањето ќе биде според нов пристап, кој ќе им го олесни испитот на учениците, затоа што е креиран систем во кој се внесени прашањата по сите наставни предмети.

За останатите ученици - од трето одделение до трета година средно - екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.
XS
SM
MD
LG