Достапни линкови

logo-print

Сириската опозиција оди на мировни преговори


Сириските опозициски групи ќе учествуваат на мировните разговори со Владата на Башар ал Асад закажани за следната недела. Медиумите читирајќи извори од Националната коалиција соопштија дека се гласало за тоа да се оди на разговори и од 73 членови, 58 гласале „за“. Сириската влада веќе изјави дека ќе присуствува на мировните преговори во Швајцарија.

Државниот секретар на САД Џон Кери во петокот повторно ја повика опозицијата во Сирија да учествуваат во она што ќе биде први директни разговори со кои се очекува да се стави крај на речиси тригодишната војната во земјата, која зад себе остави повеќе од 100.000 мртви.
XS
SM
MD
LG