Достапни линкови

Египет го прифати новиот устав


Новиот устав на Египет е одобрен од страна на повеќе од 98 проценти од гласачите кои учествувале на референдумот, соопштија изборните власти. Врховната изборна комисија на земјата, денеска соопшти дека близу 40 отсто од граѓаните со право на глас учествувале на дводневниот референдум. Гласањето беше од клучно значење за привремената влада која беше инсталирана од страна на војската, по соборувањето на исламистичкиот претседател Мухамед Морси во јули минатата година. Поддржувачите на забранетото Муслиманско братство го бојкотираа референдумот. Од Братство изјавија дека резултатите од референдумот се фалсификувани и ветија дека ќе продолжат со протестите. Насилните протести кои започнаа по соборувањето Морси продолжија и за време на гласањето на 14 и 15 јануари. Девет лица загинаа за време на референдумот, а 450 се уапсени за протестирање и попречување на гласањето.
XS
SM
MD
LG