Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ - Обвинувањата на СДСМ обид да се скријат своите проблеми


Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинувањата од СДСМ во врска со продажбата на градежната парцела за изградба на хотел во Скопје се обид да се покријат проблемите на партијата во однос на внатрешните релации, немањето програма и скандалите со тендерите и имотната состојба на нивниот лидер, изјави на денешната прес -конференција Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

За локацијата за која обвинуваат од СДСМ, рече, дека е оттуѓена според транспаретна и законска постапка, по пат на јавно наддавање.

Тој додаде дека почетните цени за отуѓување на градежното земјиште, кое е во државна сопственост се утврдени со „Уредбата за начинот и постапката на отуѓување и давање под закуп на државно земјиште, сопственост на Република Македонија“, а почетните цени се различни во зависност од намената на земјиштето. Целата ваква поставеност и политика е, вели, со намера да се стимулираат инвестициите во туризмот и во градежништвото, а цената на земјиштето ја одредува пазарот.

СДСМ оцени дека се работи за скандалозна продажба на атрактивно градежно земјиште во центарот на Скопје за само 71 денaр за метар квадратен.
XS
SM
MD
LG