Достапни линкови

logo-print

Напад на стадион во Авганистан, убиени 4 фудбалери


Четири авганистански фудбалери се убиени, а најмалку три се повредени во ракетен напад во јужната провинција Кандахар. Локалните официјални лица изјавија дека ракетата паднала на фудбалски стадион додека спортистите вежбале. Официјалните лица велат дека жртвите биле членови на локалниот тим во областа Мајванд во провинцијата Кандахар. Засега никој не поднесе одговорност за нападот.
XS
SM
MD
LG