Достапни линкови

Груевски се сретна со турскиот вицепремиер Ишлер


Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со вицепремиерот во Владата на Турција, Емрулах Ишлер, кој престојува во посета на Македонија.

На средбата, како што информира владината прес-служба, потврдени се одличните пријателски односи меѓу двете држави, како на политички, така и на економски план. Соговорниците изразиле задоволство од досегашната соработка.

Премиерот Груевски посочи дека Македонија е отворена за турските инвеститори.

Турскиот вицепремиер посочи дека турската Влада активно делува на поттикнување на интересот за инвестиции и за остварување на интензивна економска и трговска соработка меѓу двете држави.

Тој истакна дека Турција останува искрен и активен поддржувач на европските и евроатланските интегративни процеси на Република Македонија.
XS
SM
MD
LG