Достапни линкови

ДОМ сериозно се подготвува за избори

Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева и пратеничката од ДОМ Лилјана Поповска.

ДОМ е подготвен да поддржи претседателски кандидат за кој ќе биде убеден дека ќе има одговорен однос кон Македонија како унитарна граѓанска држава и кој ќе има разбирање за зелената опција и одржливиот развој. На локалните избори се покажа дека во Македонија има најмалку 25.000 граѓани на кои им е важна зелената опција и би претставувале 3 пратенички места во македонскиот парламент. ДОМ сериозно се подготвува за избори“, соопштуваат од Демократската обнова на Македонија.

На седницата на Централниот одбор на партијата се разговарало и за статутарните измени во насока на јакнење на младите и поттикнување на целосен родов баланс на раководните функции. Притоа, избрани се осум нови членови на Централниот одбор на партијата од кои четворица се потпретседателите на Младинската организација на ДОМ.
XS
SM
MD
LG