Достапни линкови

СДСМ - скандалозна е продажбата на земјиште во Центар по едно евро за квадрат


СДСМ денеска реагираше на продажбата на градежно земјиште во центарот на Скопје за едно евро за квадрат.

Претседателката на Градскиот одбор на партијата Софија Куновска оцени дека се работи за скандалозна продажба на атрактивно градежно земјиште во центарот на Скопје за само 71 денaр за метар квадратен.

„Ова потврдува две работи. Зошто ВМРО-ДПМНЕ преку своите советници во Центар, упорно го блокира преземањето на управувањето со градежното земјиште од страна на општина Центар и зошто е Мирослав Шиповиќ во затвор“, рече Куновска.

Потсетувајќи на изјава на ВМРО-ДПМНЕ дадена во 2005 година за продажба на земјиште во близина на Народна банка што СДСМ го продала за 300 евра за квадрат, Куновска рече дека завчерашната продажба на земјиштето во Центар е криминална.

Таа најави дека доколку дојдат на власт ќе поведат истрага за овој случај.
XS
SM
MD
LG