Достапни линкови

Груевски - Законот за стечајци ќе стави крај на еден матен период


Подготвивме специјален закон што треба да ги реши заостанатите стечајни постапки, најкомплицираните, од 1986 до 2011 година, изјави денеска премиерот Никола Груевски по пуштањето во употреба на регионалниот пат Тетово – Јажинце.

Груевски вели дека за него овој Закон е еден од најважните зашто ќе ја реши долгогодишната голгота на голем број вработени во вкупно 320 компании, меѓу кои ТИПО, „Маврово“, делови од „Железара“, МЗТ, „Центро“, „Порцеланка“, „Кожарски комбинат Куманово“, повеќе земјоделско индустриски комбинати, но и случаи како „Фиком“, „Самарија“.

Со најновиот Закон за стечајните постапки ќе се стави крај на еден прилично матен период од деведесеттите години во кои заглавија голем дел од компаниите, ќе се решат судбините на многу луѓе кои чекаат разрешување на постапките, рече Груевски.

Тој денеска иако запрашан не ги комнтираше случајот „Висарис“, претстојниот избор за претседател на државата и за разговори со коалицискиот партнер ДУИ во оваа насока. Тој вели дека нема ништо ново и нема што да се каже.
XS
SM
MD
LG