Достапни линкови

Ирански дипломат убиен во Јемен


Знамиња на Иран и Јемен.

Знамиња на Иран и Јемен.

Ирански дипломат е убиен од неидентификувани вооружени лица во главниот град на Јемен, Сана. Дипломатот, идентификуван како Али Ашгар Асади, бил ранет во резиденцијата на иранскиот амбасадор.. Тој подоцна починал во болница. Болнички извори во Сана, изјавиja дека дипломатот бил погоден во рамото и стомакот. Друг ирански дипломат, Нур-Ахмад Никбат беше киднапиран во Сана во јули и се уште е во заробеништво. Се верува дека го држат милитантите на Ал Каеда. Во северниот дел на Јемен се водат тешки борби меѓу сунитските и шиитските борци. Сунитските борци обвинуваат дека Иран ги поддржува шиитските.
XS
SM
MD
LG