Достапни линкови

Форбс - Македонија топ дестинација за инвестирање


Македонија е топ дестинација за инвестирање. Земјата може да се пофали со една од најдобрите економии во Европа, пишува угледниот магазин „Форбс“ во декемвриското издание во специјална едиција посветена на државата.

„Регистриран е пораст на БДП од 3,4 проценти во првите шест месеци од 2013 година, повеќе од 3 проценти од европскиот просек. За таква мала земја со површина од и 25.713 квадратни километри, население од нешто повеќе од 2 милиони граѓани, Македонија удира добро над својата тежина во економска сила, инвестициските потенцијали и изгледите за развој. Благодарение на потпишаниот договор за слободна трговија со ЕУ, ЕФТА и моќните Турција и Украина, Македонија обезбедува преференцијален пристап на пазарот на повеќе од 650 милиони потрошувачи“, наведува весникот.

Во текстот посветен на Македонија, како што пренесува државната новинска агенција МИА, се промовираат економските перформанси на државата, пред сè даночната политика која ја сместува државата меѓу најдобрите економии во Европа. Во текстот посебно внимание е посветено на идеалните бизнис-услови што им ги нуди државата на инвеститорите, пред сè преку отстранување на бирократските пречки, со што Македонија секоја година се качува погоре на листата на земји со најдобра бизнис-клима, го пренесува МИА пишувањето на Форбс.

Инаку, магазинот Форбс е еден од странските медиуми каде што Македонија се рекламира како привлечна дестинација за странските инвеститори, но власта не кажува колку пари точно троши за овие реклами.
XS
SM
MD
LG