Достапни линкови

Испраќачот на отровно писмо до Обама се изјасни за виновен


Џејмс Еверет Дучке.

Џејмс Еверет Дучке.

Еден човек од американска држава Мисисипи рече дека е виновен за испраќање писма со рицин до американскиот претседател Барак Обама и до други високи претставници. Џејмс Еверет Дучке претходно се изјасни дека не е виновен и негираше дека испратил писма со рицин. Тој е во затвор од април минатата година под обвинение за испраќање на писма до Обама, републикански сенатор од Мисисипи и локален судија. Се очекува испраќачот на писма да биде осуден за два месеци, а се соочува со можна казна доживотен затвор.
XS
SM
MD
LG