Достапни линкови

Неуспешна средба на лидерите на БиХ со Филе


Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Eврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Во Сараево се одржа уште еден неуспешен состанок на еврокомесарот за проширување Штефан Филе со лидерите на седум највлијателни партии, на кој главна тема беше пронаоѓање начин за примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права во предметот Сејдиќ-Финци.

Ниту по 13 часови разговори договор не е постигнат, иако тоа е предуслов за натамошен напредок на БиХ на нејзиниот европски пат.

Преговорите, кои почнаа вчера попладне во Сараево, а завршија во раните утрински часови, без согласност за изборниот модел што би гарантирал дека еден од два членови на претседателството на БиХ кои се избираат од подрачјето на Федерацијата, во иднина да ги бираат жупаниите, односно кантоните во кои мнозинството го сочинуваат Хрвати.

Учесниците на овој неуспешен собир различно го оценија последниот круг разговори, а заменик претседателот на САД и бошњачки член на Претседателството на БиХ Бакир Изетбеговиќ побара поголемо ангажирање на европските претставници.

Еврокомесарот Филе по состанокот не се огласи, но вчера, по доаѓањето во Сараево порача дека дошол да го потврди континуитетот на ангажманот на ЕУ и помошта на Унијата на европскиот пат на БиХ.
XS
SM
MD
LG