Достапни линкови

Интел ќе крати на вработени


Корпорацијата Интел планира оваа година да го намали бројот на вработени за 5 отсто. Во Корпорацијата работат 107.000 луѓе. Интел се бори со опаѓањето на продажбата на персонални компјутери. Најавата дојде еден ден откако Интел го објави извештајот за работата во четвртиот квартал од 2013, со кој малку се намали загриженоста за забавувањето во компјутерската индустрија. Интел доминира во индустријата за компјутерски чипови, но бавно се прилагодува кога станува збор за нивните процесори за „смарт“ телефони и таблети.
XS
SM
MD
LG