Достапни линкови

Тим на МААЕ во посета на Техеран


Тим од инспектори од Меѓународната агенција за атомска енергија пристигна во иранскиот главен град Техеран. Тимот треба да го следи спроведувањето на договорот постигнат во ноември меѓу Иран и меѓународната заедница околу спорната нуклеарна програма на Иран. На чело на инспекцискиот тим е Масимо Арапо. Тимот треба да се сретне со иранските официјални лица и да го поднесе извештајот на МААЕ за преземените чекори за спроведување на договорот. Според договорот Иран се согласи да го ограничи збогатување на ураниумот и да ограничи уште некои аспекти од програмата во замена за делумно укинување на меѓународните санкции.
XS
SM
MD
LG