Достапни линкови

Обрван очекува груба игра од Унгарците


Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.

Ивица Обрван, селектор на македонската ракометна репрезентација.

Македонија попладнево од 16 часот против Унгарија ќе го започне вториот круг од Европското првенство, а за овој натпревар селекторот Ивица Обрван верува дека ќе биде исцрпувачки со многу силни дуели.

„Време за подготовки имаме колку што имаат и другите селекции. Ќе се обидеме да постигнеме уште една победа. Унгарија со две нерешени избори втора фаза, но таа селекција е постојан учесник на Европски и на Светски првенства. Имаме лоша традиција со нив, а имаат и квалитетен состав со поголем избор на играчи. Станува збор можеби за најгрубата одбрана, селекција која игра со многу остри стартови“, изјави македонскиот селектор.

Македонија со евентуална победа ќе биде многу блиску до одбрана на петтата позиција од претходното ЕП.
XS
SM
MD
LG