Достапни линкови

Претставници на ММФ и ОН убиени во Авганистан


Afghanistan -- An Afghan police officer arrives at the scene of an explosion in Kabul January 17, 2014.

Afghanistan -- An Afghan police officer arrives at the scene of an explosion in Kabul January 17, 2014.

Најмалку 21 човек, меѓу кои претставници на ММФ во Авганистан и тројца вработени во ОН се убиени во напад на ресторан во главниот град Кабул. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој се случи во областа Вазир Акбар Кан каде што се сместени многу амбасади. ММФ и ОН потврдија дека во нападот загинале нивни вработени.

Според авганистанската полиција, бомбаш-самоубиец се разнел пред ресторанот, а после тоа, двајца напаѓачи упаднале во ресторанот и почнале да пукаат. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, рече дека двајцата напаѓачи подоцна биле убиени од страна на безбедносните сили. Специјалниот пратеник на ОН за Авганистан, Јан Кубис и американскиот Стејт департмент беа меѓу оние кои го осудија нападот.
XS
SM
MD
LG