Достапни линкови

Сириската опозиција се премислува за мировните преговори


Сириските опозициски групи разговараат за тоа дали да присуствуваат на мировните преговори во Турција. Вчера беа одложени разговорите во Истанбул од страна на членовите на Националната коалиција поради несогласувањата меѓу членовите. Аналитичарите велат дека не е јасно како и кога Националната коалиција ќе донесе конечна одлука. Мировните разговори меѓу бунтовниците и владата на Башар ал-Асад треба да започнат следната недела во Швајцарија. Државниот секретар на САД Џон Кери во петокот повторно ја повика опозицијата во Сирија да учествуваат на првите директни разговори, со кои се очекува да се стави крај на речиси тригодишната војната во Сирија. За време на вчерашната посетана Москва, сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Муалем рече дека тој им предал на своите домаќини предаден план за примирје во Алепо. Таму владините сили се борат со бунтовниците повеќе од една година.
XS
SM
MD
LG