Достапни линкови

Русија - Одлуката на Обама потврда за ставот на Сноуден


Едвард Сноуден.

Едвард Сноуден.

Рускиот адвокат на Едвард Сноуден соопшти дека одлуката на американскиот претседател Барак Обама за реформа на разузнавачката агенција претставува „признавање на фактот дека американските специјални служби практично се вплеткувале неограничено во приватниот живот на граѓаните.“

Адвокатот Анатолиј Кучерена кој е поврзан со Кремљ, вели дека одлуката на Обама е реакција на загриженоста дека агенцијата им се мешала во приватниот живот на луѓето.

Обама вчера објави широки реформи на американската програма за собирање и чување на податоци собрани од електронски надзор. Обама изјави дека САД ќе го ограничат нејзиното следење на комуникациите на „блиски пријатели и сојузници“ во странство и дека Националната агенција за безбедност не служи да ги „шпионира обичните луѓе кои не ја загрозуваат американската национална безбедност“.
XS
SM
MD
LG