Достапни линкови

logo-print

Венизелос и Кери разговарале и за „името“


Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос, по вчерашните средби во Вашингтон, изјавил дека на нив детално информирал за грчките позиции во спорот за името, јавува МИА.

Венизелост по средбата со со американскиот државен секретар Џон Кери и со неколкуте американски конгресмени, изјавил дека детално ги информирал за спорот за името и за следните чекори во Обединетите нации, и рекол дека врз Грција не се врши притисок за ова прашање.

Венизелос по средбата со Кери изјавил дека Грција, која во следните пет и пол месеци ќе биде претседавач со Европската Унија, ги поддржува интеграциите на соседните држави доколку тие ги исполнуваат потребните услови.

Во своите коментари по средбата со Кери, Венизелос најави дека за Грција, од регионалните проблеми кои се поврзани со неа, приоритет е статусот на Кипар.
XS
SM
MD
LG