Достапни линкови

Москва и Брисел за Јужниот тек


Русија и Европската унија денеска во Москва се договориле да формираат работна група која ќе ги разгледа сите правни и технички прашања поврзани со гасоводот Јужен тек. Ова се наведува по разговорите во Москва меѓу еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер и неговиот руски колега Александар Новак. Новинските агенции јавуваат дека евентуален компромис би можело да биде постигнат во текот на престојот на претседателот Владимир Путин во Брисел на 27 и 28 овој месец. Во минатиот месец Европската комисија соопшти дека договорите што Русија ги склучи со шест членки на Унијата и со Србија не биле во согласност со европските прописи.
XS
SM
MD
LG