Достапни линкови

Во Тајланд ранети 30 демонстранти


Експлозивна направа била фрлена врз антивладни демонстранти во Тајлнад при што над 30 од нив биле повредени. Инцидентот се случил денеска на маршот во Бангкок што го водел лидерот на демонстрантите Сутеп Таугсубан. Досега никој не ја презеде одговорноста за инцидентот кој внесе дополнителни тензии во политичката криза во земјата која трае неколку месеци. Демонстрантите бараат оставка на премиерката Јинглук Шинаватра која ја обвинуваат за корупција.
XS
SM
MD
LG