Достапни линкови

Турција: четворица затворени за членство во Ал Каеда


Четворица осомничени за членство во Ал Каеда денеска се затворени, други четворица се пуштени на слобода додека почне процесот против нив, а петмина се ослободени. Тие се дел од вкупно 25 лица кои беа приведени во вторникот во големата антитерористичка операција спроведена во шест турски окрузи. Операцијата беше насочена против Ал Каеда и исламистичката фондација „Човекови права и слободи“, која е финансирана од турската влада. Обвинителите денеска ќе ги сослушаат останатите 12 приведени, кои се обвинети за регрутирање и испраќање на борци во Авганистан, Пакистан и Сирија, за собирање на средства за сириските бунтовници, за достава на оружје за Ал Каеда, како и за организирање на илегални активности.
XS
SM
MD
LG