Достапни линкови

Обама со план за реформа на НСА


Американскиот претседател Барак Обама денеска се очекува да ги обелодени неговите планови за реформа на Агенцијата за национална безбедност, НСА. Аналитичарите велат дека Обама ќе побара зголемување на контролата и на транспарентноста на програмите за тајно следење. Најновите извештаи, базирани врз документите обелоденети од поранешниот соработник на НСА Едвард Сноуден, покажуваат дека Агенцијата собирала податоци и пораки од скоро 200 милиони мобилни телефони во светот.
XS
SM
MD
LG