Достапни линкови

Консензулаен претседател за јакнење на партизираноста


Со идејата за консензуален претседател се делегитимара претседателската функција, а се зголемува функцијата на партиските лидери кои треба да кажат кој ќе биде претседател со што само продолжува да се партизира државата, вели пратеникот Тито Петковски.

Додека не биде објаснето што точно се подразбира под консензуален кандидат за претседател и додека не се види исходот од разговорите кои околу ова прашање велат дека ги водат двете партии во коалицијата на власт, СДСМ нема да ја коментира ваквата идеја, ни рекоа од оваа партија. Оваа партија најави дека на изборите ќе излезе со свој кандидат.
И за неа како што знаете лидерите, претставниците разговараат, ја третираат и бараат модалитети како да се дојде до конечно решение.

Од ДУИ во своето појаснување на идејата рекоа дека би поддржале кандидат на нивниот коалиционен партнер кој би бил прифатлив за албанското гласачко тело и кој би се залагал за евроатланстките интеграции, но не само декларативно.

Засега во јавноста излезе дека на оваа тема коалиционите партнери имале неколку средби, но официјално од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема ниту информации ниту јавно изнесен став околу ова прашање.

Министерот за одбрана Талат Џафери во име на својата партија вели дека во оваа фаза не би калкулирал со подготвеноста кај другата страна за поддршка на идејата но го потврдува партискиот
Тоа го делегитимира претседателот како претседател на сите граѓани, тој не може да биде претседател на сите граѓани, тој ќе биде само продолжена рака на тие што го кандидираат.
став дека како идеја е неопходно да биде ставена на маса.

„И за неа како што знаете лидерите, претставниците разговараат, ја третираат и бараат модалитети како да се дојде до конечно решение, да се изјаснат дека е изнајдено оти ќе поддржат консензулано некој од кандидатите кој би се избрал во иднина“, изјави Џафери во интервју за Радио Слободна Европа кое во целост ќе се емитува в недела.

За поранешниот кандидат за претседател и лидер на опозициската НСДП, Тито Петковски можното излегување на претседателските избори со консензуален кандидат оди во насока на федерализација на државата бидејќи уште повеќе не оддалечува од граѓанинот како носител на суверенитетот на државата.

„Тоа го делегитимира претседателот како претседател на сите граѓани, тој не може да биде претседател на сите граѓани, тој ќе биде само продолжена рака на тие што го кандидираат и претпоставувам дека ќе се организираат да го изберат, а тука нема само Македонци и Албанци, живеат и Турци и Срби и Бошњаци и други.“

Претседателот на овој начин не може да биде персонификација на сите граѓани вели Петковски. Калкулациите од секаков тип и се уште необзнанетите кандидати за претседател е крајно релативизирање на функцијата претседател и манипулација со неа. Се делегитимара претседателската функција, а се зголемува функцијата на партиските лидери кои треба да кажат кој ќе биде претседател со што само продолжува да се партизира државата во сите нејзини институции, посочува Петковски.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG