Достапни линкови

Штефан Филе во Сараево


 Штефан Филе

Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска треба да допатува во Сараево во обид да посредува меѓу политичките лидери во Босна и Херцеговина за бришење на дискриминаторските уставни одредби кон припадниците на малцинствата, кои се главна пречка за процесот на евроинтеграција на земјата. Станува збор за спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во врска со случајот „Сејдиќ, Финци“, со која се бара бришење на одредбите од Уставот кои им оневозможуваат на припадниците на малцинските етнички заедници да се кандидаират за членови на босанското претседателство. Заедничката седница на Претставничкиот дом и на Домот на народите на Парламентарното собрание на која ќе се разгледуваат амандманите на Уставот е закажана за 21 јануари.
XS
SM
MD
LG