Достапни линкови

Собраниска дебата за Комисијата за лустрација


Македонското Собрание денеска во рамки на 82. седница треба да ја продолжи расправата за Предлог одлуката за избор на претседател, заменик-претседател и членови на Комисијата за верификација на фактите. Дебатата за новиот состав на лустрациската комисија почна вчера. За член и претседател на Комисијата е предложен Томе Аџиев кој и во изминатите три години беше на оваа позиција. За негов заменик се предлага Асан Лума и за членови Новица Велјановски, Предраг Димитровски, Ѓорѓи Малковски, Вецко Здравевски, Ристана Лалчевска, Шпенд Винца, Даут Даути, Цветанка Соколова Младеновска и Марија Зафировска.
XS
SM
MD
LG