Достапни линкови

logo-print

Изборниот законик пред собраниските комисии


Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска ќе расправаат по предлог-изменитен на Изборниот и на Кривичниот законик за кои завчера постигнаа договор Владата и политичките партии.

Измените на Изборниот и на Кривичниот законик се дел и од дневниот ред на 82 седница на Собранието, по скратена постапка.

Според постигнатиот договор, во предизборниот период предвидено е одделување на државата од партијата, забрането е отпочнување со градби, ставање камен-темелници, пуштање во употреба на објекти изградени со буџетски средства. За непочитување на оваа одлука предвидена е затворска казна од шест месеци до една година.

Забрането е да се врши исплаќање субвенции, плати, пензии, социјални помошти и други материјални надоместоци од буџетски средства кои не се редовни месечни примања, како и исплаќање на годишни трансфери од Буџетот.
XS
SM
MD
LG