Достапни линкови

Белата Куќа го испрати текстот на договорот со Иран до Конгресот


Белата Куќа го испрати до Конгресот текстот на Спогодбата за спроведување на нуклеарниот договор постигнат со Иран во ноември. Овој потег доаѓа по критиките од Вашингтон дека Обама го држи текстот во тајност. Според договорот Иран е обврзан да ја зголеми транспарентноста на својата нуклеарна програма која треба да започне на 20 јануари во замена за намалување на санкциите.
XS
SM
MD
LG