Достапни линкови

Сирија:Кери ја повика опозицијата да учествува на мировната конференција


Откако вчера државниот секретар на САД Џон Кери ја повика сириската опозиција да учествува во мировните разговори во насока на формирање нова преодна влада, денеска сириските опозиционери ќе гласаат за тоа дали ќе учествуваат на преговорите кои треба да започнат на 22 јануари во Швајцарија. Москва апелираше до Западот на конференцијата да биде повикан и Иран. Вашингтон изјави дека Иран мора да се согласи со секоја преодна влада во Сирија која нема да го вклучува претседателот Башар Ал Асад.
XS
SM
MD
LG