Достапни линкови

logo-print

Времето сончево, по котлините магла


Времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Утринската температура се движи од минус четири до четири, а дневната ќе биде од три до 14 степени.

Во Скопје слично време, со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура се спушти до три, а дневната ќе се искачи до шест степени.

За време на викендот наместа ќе дува умерен јужен ветер што ќе услови по одделни котлини во текот на денот да се намали интензитетот на маглата. Од недела кон крајот на денот и во почетокот на наредната недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG