Достапни линкови

logo-print

Европратеници бараат да се реши „името“


Грчкиот заменикот министер за надворешни работи Димитрис Куркулас пред Европскиот парламент ја претстави агендата на грчката влада за проширувањето на ЕУ.
Тој нагласи дека Грција секогаш силно се залагала за проширувањето и во наредните месеци нејзин приоритет ќе биде поврзувањето на ЕУ со земјите од процесот на проширувањето во клучните сектори утврдени од Комисијата во 2013 година.
Исто како и премиерот Андонис Самарас, тој не зборуваше за Македонија како земја кандидат, јави МИА.
Меѓутоа, чешкиот европратеник Либор Ручек, британскиот европратеник Чарлс Танок, германскиот европратеник Бернд Поселт, како и неколку други испратија повик до грчкото претседателство со ЕУ да стори се за да напредуваат разговорите за името и Македонија да започне преговори за членство со ЕУ.
XS
SM
MD
LG