Достапни линкови

Чешка во спомен на Јан Палах


На многу места во Чешка денеска се одржуваа манифестации во спомен на 20-годишниот студент Јан Палах, кој на 16 јануари 1969 година се самозапали во центарот на Прага, во знак на протест против инвазијата на војската на земјите на Варшавската спогодба.
Три дена подоцна Палах почина, а неговиот погреб шест дена подоцна, одбележан со поворка во која учествуваа над 200.000 луѓе стана манифестација за слобода и демократија.
Во јануари 1989 година, пак се одржа т.н ,,недела на Палах". Тогаш Прага ги доживеа најголемите протести против комунистичкиот режим од крајот на шеесетите години, што го означи крајот на тоталитарниот режим во тогашна Чехословачка
XS
SM
MD
LG