Достапни линкови

Слободна Европа не е укината, а ако биде, први ќе објавиме


Изгледа дека на секои неколку месеци, на Балканот се појавуваат вести за укинување на Радио Слободна Европа, изјави главниот и одговорен уредник на РСЕ Ненад Пејиќ, додавајќи дека идеите за тоа се појавуваат последниве неколку години.

Пејиќ потсетува дека Конгресот на САД, кој ја финансира РСЕ, никогаш до сега нема поддржано таква идеја, поради што на задоволство на слушателите и читателите Слободна Европа ја продолжува својата работа.

Истиот процес на усвојување на буџетот се случува и сега во Вашингтон, се наведува во писмената порака на Пејиќ, кој прецизира дека сличните идеи се појавуваат мотивирани од финансиски причини.

Пејиќ, нагласува дека процесот во Конгресот на САД не е завршен и нема одлука за укинување на Слободна Европа на јужнословенските јазици. Ако такво нешто се случи, Радио Слободна Европа ќе биде прва која за тоа ќе ги извести своите слушатели и читатели.
XS
SM
MD
LG