Достапни линкови

Јахјага: Убиството во Митровица е кукавички чин.


Претседателката на Косово Артифете Јахјага денеска оцени дека убиството на советникот во општина Северна Митровица Димитрије Јаниќиевиќ, е кукавички акт и обид за дестабилизација на земјата. Изутрината со истрели од автоматско оружје, Јанаќиевиќ бил убиен пред неговиот дом во северниот дел на Митровица. Засега не е познат сторителот и кои се мотивите за убиството. 35 годишниот Јаниќиевиќ на последните локални избори беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Северна Митровица.
XS
SM
MD
LG