Достапни линкови

Самитот ЕУ- Русија скратен на еден ден


Самитот меѓу лидерите на Европската Унија и рускиот претседател Владимир Путин, кој е предвиден за кон крајот на месецов, ќе биде скратен на само еден ден, соопшти денеска Европската Унија. Вообичаено самитите ЕУ – Русија, кои се одржуваат два пати годишно, започнуваа со работна вечера, а продолжуваа наредниот ден со пленарна седница. Односите меѓу двете страни се заладени во последно време, главно по одлуката на Украина да се откаже од потпишувањето на спогодбата за асоцијација со Европската Унија, што според Брисел, е последица на притисоците од Русија.
XS
SM
MD
LG