Достапни линкови

logo-print

Шефот на иранската дипломатија во посета на Москва


Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф допатува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин за граѓанската војна во Сирија. На средбата, како што е најавено, ќе стане збор и за имплементацијата на договорот на Техеран со големите сили во врска со нуклеарната програма. Зариф допатува во Москва од Дамаск, заедно со сиријскиот министер за надворешни работи Валид Муалем. Улогата на Иран на мировната конференција за Сирија, што ќе се одржи во наредната недела во Швајцарија, сеуште не е прецизирана.
XS
SM
MD
LG