Достапни линкови

Нимиц поканет во Европскиот парламент да информира за името


Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го повикала медијаторот Метју Нимиц да информира за преговорите за името на Македонија, јави дописникот на МИА од Атина.
Оваа информација ја соопшти провладиниот грчки весник „Катимерини“, додавајќи дека состанокот на Комисијата, на кој би требало да присуствува и медијаторот, треба да се одржи во февруари.
Последнета рунда преговори за името се одржа во Њујорк во октомври минатата година. Според грчките медиуми, тогаш на маса се уште беше априлскиот предлог „Горна Република Македонија“.
XS
SM
MD
LG