Достапни линкови

Убиен советник на општина Северна Митровица


Советникот во општина Северна Митровица Димитрије Јаниќиевиќ изутрината со истрели од автоматско оружје бил убиен пред неговиот дом во северниот дел на Митровица. Засега не е познато кој стои и кои се мотивите за убиството. Дописникот на Радио Слободна Европа јави дека тој бил доведен во болница без знаци на живот. 35 годишниот Јаниќиевиќ на последните локални избори беше кандидат на Самостојната либерална партија за градоначалник на Северна Митровица.
XS
SM
MD
LG