Достапни линкови

Нападот врз американскиот конзулат во Бенгази можел да се спречи


Смртоносниот напад врз американскиот конзулат во либискиот град Бенгази од 11 септември 2012 година можел да се спречи, покажува извештајот на американскиот сенатски панел. Во двопартискиот извештај објавен вчера вината се дели меѓу Стејт департментот, армијата и разузнавачките служби затоа што не успеале да ги забележат предупредувачките сигнали. Се наведува дека американскиот амбасадор Крис Стивенс, кој беше убиен во нападот, два пати одбил да ги распореди американските специјални сили како дополнително обезбедување на комплексот, две недели пред да се случи нападот. Американската армија е критикувана затоа што не успеала побрзо да одговори на нападот, во кој, покрај амбасадорот Стивенс, беа убиени уште тројца луѓе.
XS
SM
MD
LG