Достапни линкови

Уапсен познат ујгурски професор во Кина


Илустрација: Етнички Ујгури продаваат зеленчук во Кина.

Илустрација: Етнички Ујгури продаваат зеленчук во Кина.

Сопругата на познат професор од ујгурската етничка заедница во Кина информира дека полицијата упаднала во нивниот дом и го одвела нејзиниот сопруг, при што запленила компјутери, мобилни телефони и семинарски од неговите студенти. Сопругата на Илхам Тохти, Гузаили Нуер, утринава соопшти дека вчера во нивниот дом во Пекинг упаднале околу 30 полицајци и вршеле претрес шест часа. Тохти е 45-годишен професор по економија на Универзитетот во Пекинг. Тој е остар критичар на политиките на Комунистичката партија на Кина, вклучително и за третманот на етничките Ујгури, кои се претежно муслимани и живеат во западниот регион Ксинџијанг. Овој огромен регион се граничи со Централна Азија и во последните години беше погоден од низа насилни судири, за кои кинеската влада ги обвини „терористите“.
XS
SM
MD
LG