Достапни линкови

Египетската полиција уапси снимател на Асошиејтед прес


Египетската полиција уапси снимател кој хонорарно работел за американската новинска агенција Асошиејтед прес во покривањето на уставниот референдум во земјата. Агенцијата соопшти дека снимателот Хасан Абдула Хасан пренесувал снимки во живо од пред едно гласачко место во Каиро кога полицијата го уапсила него и неговиот возач. Хасан телефонски им кажал во Асошиејтед прес дека полицијата мислела дека работи за Ал Џазеира, откако неговите снимки биле објавени на египетската филијала на оваа катарска телевизија. Египетскиот суд во септември го забрани емитувањето на програмата на египетската филијала на Ал Џазеира, наведувајќи дека известувањето на телевизијата е против владата. Сепак, емитувањето на програмата продолжи од Катар. Египетските власти претходно уапсија новинари на Ал Џазеира за, како што рекоа, врски со Муслиманското братство. Асошиејтед прес до доцна синоќа се обидуваше да обезбеди ослободување на снимателот и неговиот возач.
XS
SM
MD
LG