Достапни линкови

Пронајдена гробница на досега непознат египетски фараон


Илустрација.

Илустрација.

Египетските и американски археолози соопштија дека пронашле гробница на досега непознат фараон кој владеел со Египет пред околу 3600 години. Египетскиот министер за антиквитети, Мухамад Ибраим, вчера соопшти дека откритието на југот на земјата, во близина на градот Сохаг на 500 километри јужно од Каиро, го вклучува и скелет на досега непознатиот фараон Сенеб Кај. Тој информира дека во откривањето на гробницата, заедно со египетските археолози работеле и археолози од Универзитетот Пенсилванија во САД. Името на фараонот било утврдено со дешифрирање на хиероглифите на ѕидовите на гробницата. Официјални претставници велат дека телото на Сенеб Кај било мумифицирано, но оти било растргнато од ограбувачи на антички гробници.
XS
SM
MD
LG