Достапни линкови

Донаторите ветија 2,4 милијарди долари за Сирија


Учесниците на донаторската конференција за жртвите од војната во Сирија одржана денеска во Кувајт ветија дека ќе соберат две милијарди и 400 милиони долари хуманитарна помош, изјави генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Најмногу за милионите бегалци и расселени поради конфликтот во Сирија вети Кувајт, околу половина милион долари, по што следуваат Соединетите држави со околу 380 милиони долари.
XS
SM
MD
LG